влегувам во срце од планина

Влегувам во срце од планина 
таму каде не оди секој
кога ќе заминеме 
од нас ќе украдат само сенки 
не враќај ми кусур 
од празни муабети 
додека трчав по тебе 
и го правев најдоброто за нас 
се изгубив себе си 
во животни рокови и црвени линии 
влегувам во срце од планина 
друг избор за среќа повеќе немам. 

Nema komentara za "влегувам во срце од планина"

Moraš biti prijavljen da bi komentirao.