Надеж ти чувам за крај

Надеж ти чувам за крај
за она време
кога ќе престанат
шаховски игри
со човечки судбини
гром ги убива
осамените дрвја
како што нас нè стига
гревот на предците
меѓу две свечени чаши
ќе ти побарам љубов
а надеж ти чувам за крај
и така сè до бескрај.

Nema komentara za "Надеж ти чувам за крај"

Moraš biti prijavljen da bi komentirao.