Парада на чадори

Немој да ме будиш рано
макар капутот петгодишен
во орманот да чека
дури и ако цветот пред вратата
си го отвора лицето
за повеќе од пет секунди.
Немој да ме будиш рано
надвор цетињски дожд
се лее
црниот чадор
те покрива целосно
црвениот со точки
ти ја открива само душата.
Немој да ме будиш рано
среде оваа парада на чадори
и бесплатна пролетна убавина.

Jedan komentar za "Парада на чадори"

  1. Marija
    Marija
    03/03/2020 at 7:51 am Permalink

    Ako sam dobro razumjela, pjesmu bih svrstala u socijalne. Ima misaonu poruku!

Moraš biti prijavljen da bi komentirao.