Сеќавање на една страст

Од една заборавена страст
правам ронки
за птиците што ќе летаат
до границите на нашиот видокруг.


Твојата слабост ја храни мојата гордост
и собираш благодарност
растурена на подот од еуфорија.


Не сакам вино од неуспех
не сакам сеќавање на болка
ниту чад од рака која не допира оган.


Барам само враќање во живот
за една одамна заборавена страст.

Nema komentara za "Сеќавање на една страст"

Moraš biti prijavljen da bi komentirao.