Arhiva > Sanja Atanasovska

тајна

Сонцето го палеше денот а денот гореше во прегратката на зрелото жито жедтта умираше и воскреснуваше на моите усни една земјена грутка дишеше во мојата растреперена рака и тогаш под шапката на летото заклучив тајна а клучот го фрлив под твоите нозе.

Pročitaj cijelu poeziju

име и прекар

Кога сум без тебе и парталите и свечените облеки без проблем можат да ме проголтаат мислејќи на тебе испарувам и го ширам својот круг на непријатели не разликувам бои откако те нема ние сме поразени луѓе не измисливме мерна единица за среќа ти беше мое име, а јас твој прекар ќе разбере само тој што […]

Pročitaj cijelu poeziju

харизма

Ти подавам парче од мојот колач наречен “харизма“ јас не сум себичен човек јас сум претпазливо суштество не луѓето им делам насмевки од срце на кајчињата им лепам стихови јас не умеам да пливам само знам да трчам по вода не можам да победам но се борам до крај јас никого не мразам само се […]

Pročitaj cijelu poeziju

дај ми крилја

  Сѐ ќе направам само дај ми крилја да го пресечам небото во лет да избегам од злото да ги поместувам облаците каде ќе посакам да засадам лаванда во ѕвезденото поле сребрени или ангелски само крилјата дај ми ги, а потоа сѐ би направила за тебе…  

Pročitaj cijelu poeziju

добри и лоши мисли

Ќе направам мрежи од моите мисли, ќе ги фрлам на сите континенти, ќе ги преведам на сите јазици, ќе ги полевам како цвеќе во градина, со нив ќе допрам до тебе, со нив ќе влезам длабоко во себе, да се запознаам вистински, за сите лоши мисли прости ми, за сите добри мисли благослови ме.

Pročitaj cijelu poeziju

ќе чекам

Во кофите носам тишина ја оставам во собите. Ќе чекам, додека не падне и последната куќа во селото. Последниот камен ќе го земам за инспирација. Ќе чекам, додека не се подмладам, додека не бидам дете, додека не ги најдам пријателите.

Pročitaj cijelu poeziju

помина многу време

Помина многу време без да си посакам нешто големо и недостижно без да се заљубам тинејџерски без да проколнам непријател без да излажам од забава без да летам во сон помина многу време колку ли само се променив…

Pročitaj cijelu poeziju

ѓавол

Имам две раце десната е повредна од левата. Имам неколку важни патишта во животот едниот ќе го препливам другиот ќе го прелетам третиот дали и пеш ќе го изодам? Имам темјан во џебот и два – три збора со нив ќе го избркам ѓаволот не оној измислен од приказните туку оној што луѓето во себе […]

Pročitaj cijelu poeziju

нашата куќа

Поминав покрај нашата куќа, за двесте луѓе. Знаев дека е празна и пуста. Патот што со врзани очи можев да го поминам, сега е обраснат со трева. Бев до нашата голема куќа, што со труд и љубов ја градевме, сега сум сигурна, никој од нас нема да се врати таму.

Pročitaj cijelu poeziju

овој град

Заљуби се во овој град што не може да се изоди пеш. Овој туѓ град што ќе биде наш. Кога ќе остареме, ќе се сретнеме ќе се сетиме, дека бевме млади, ама не бевме мудри. Пронајди се себе и мене, во овој простран град, кога врне се кријам под неговите чадори.

Pročitaj cijelu poeziju

prev posts